Ангеловски: Ќе сторам се што можам, Пандев да остане

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски задоволен од победата над Лихтенштајн (4:0) уште еднаш потенцира колку е значајно присуството на капитенот Горан Пандев во националниот тим.

Пандев му асистираше на Трајковски при вториот гол, а беше заменет по околу еден час игра при што со овации беше поздравен од публиката во Струмица.

- Пандев одигра уште еден одличен натпревар и покажа дека е колку е значаен за тимот. Ќе направам се што е во моја моќ тој и во следните квалификации да го носи дресот со националниот грб. Се надевам дека ова не беше негов последен натпревар за Македонија, истакна Ангеловски.

Селекторот се осврна и на враќањето на Адеми кој по двегодишна пауза повторно го носи репрезентативниот дрес. Неговото враќање го одбележа со извонреден гол и со солзи „радосници“.

- Среќен сум  што Адеми е повторно дел од репрезентацијата. Со него добиваме одличен играч. Тој пред се е голем човек. Без двоумење прифати повторно да игра за Македонија, рече Ангеловски.

Македонија квалификациите за Светското првенство 2018 ги заврши на 5. Место во Г-групата со три победи, две нерешени средби и пет порази.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...