Пуел го презема Лестер

Клод Пуел е назначен за нов менаџер на Лестер. Поранешниот англиски шампион со Пуел потпиша тригодишен договор.



Лестер кој ја освои Премиер лигата во 2016 година, не ги постигнува очекуваните резултати, па раководството на клубот, откако мината сезона го отпушти Клод Раниери кој им ја донесе титулата, пред една недела отказ му додели и на Крег Шекспир.

Со ангажирањето на некогашниот предводник на Саутемптон, управата на клубот очекува Лестер да се стабилизира и во континуитет да прикажува добри игри.

- Голема привилегија е да се биде тренер на Лестер, клуб со амбиции и вредности кои се совпаѓаат со моите. Очекувам да продолжиме да ги надградуваме скорешните успеси. Се радувам што ќе можам да соработувам со играчите, раководството, навивачите на Лестер, изјави Пуел.

Лестер со привремениот тренер Мајкл Аплтон го доби последниот дуел од Премиер лигата и се искачи на 14. место со 9 бода.
Пеул дебито на клупата на „лисиците“ ќе го има в недела против Евертон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...