По сомнителен пенал Швајцарија минимално ја совлада Северна Ирска

Фудбалерите на Швајцарија забелажаа значајна победа на гостувањето кај Северна Ирска во првиот бараж дуел за пласман на Светското првество во Русија 2018 година.

Швајцарците беа подобар противник во текот на целиот натпревар кој се играше во Белфас, но до минималната победа од 1-0 стигнаа благодарение на сомнително досудениот пенал, кој искористија.

Во првиот дел Швајцарија пропушти неколку шанси преку Шакири и Родригез, па на паузата се замина со почетниот резултат 0-0.

Во ист ритам продолжија избраниците на селекторот Петковиќ и во вториот дел.

Клучниот момент се случи во 58.минута. По ударот на Шакири, топката која одеше кон домашниот гол заврши во рамото на Кори Еванс, по романскиот судија Хатеган покажа на белата точка. Тоа не му сметаше на Рикардо Родригез сигурно да го реализира пеналот, за водство и победа на Швајцарија од 1-0.

Реаванш натпреварот, Швајцарија и Северна Ирска ќе го одиграат во недела (12 ноември) по што ќе биде познат и патникот на Мундијалот во Русија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Млада дама го прашува еден тукушто запознан господин:
- А вие како постанавте толку богат?
- Ах долга е тоа приказна! Почнав со еден шаблон јајца, купен од фарма, го продадов и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна...
Верски календар
На денешен ден
1805.- Во Џенова е роден Џузепе Мацини,...
1907.- Во Рим е роден Алберто Моравија,...
1941.- Во раните утрински часови, Хитлерова...
1976.- Во Долниот дом на канадскиот Парламент е...