Тони Крос и 80 милиони евра ќе биде понудата од Реал Мадрид до Јувентус за Пауло Дибала, објавија шпанските медиуми.
Аргентинецот е во извонредна форма и подолго време го привлекува интересот на „кралскиот клуб“.
Иако Дибала го продолжи договорот со Јувентус, се очекува примамливата понуда од европскиот шампион да биде сериозно разгледана од страна на италијанскиот првак и евентуално нејзино прифаќање ќе значи остварување на трансферот во летниот преоден рок.
Останува да се види дали до Јувентус ќе стигнат и други понуди со оглед на големото внимание кое го привлече Дибала кај други големи европски екипи.