Екипата на Лас Палмас претрпе пораз со 6:0 викендот во Жирона од истоимениот клуб, по што тренерот Пако Хемез почувствува потреба да им се извини на навивачите.
-Срамно беше тоа што се случуваше на теренот. Се што правевме беше многу лошо, почнувајќи од мене па потоа и играчите. Сакаме да им се извиниме на нашите навивачи. Најголемата вина за високиот пораз е кај мене. Ја преземам одговорноста. Ќе се потрудиме на следниот натпревар да бидеме подобри, истакна Хемез.
Лас Палмас во моментов се наоѓа на последното место во Ла Лига со само 11 бода од 19 натпревари и му престои тешка борба за опстанок во најквалитетната шпанска фудбалска лига.