Мурињо ќе го продолжи договорот со Јунајтед

Португалски тренер, Жозе Мурињо, ќе го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед на уште две години, пренесе „Скај Спортс“.

Мурињо пристигна на Олд Трафорд во 2016 година и потпиша договор за три сезони. Сепак, лидерите на Црвените Ѓаволи се очигледно многу задоволни од работата на „специјалниот“ и му понудија нов договор на кој тој се согласи.

„Скај Спорт“ објави дека клубот брзо ќе ја објави веста за продолжување на договорот.

Неодамна Мурињо изјави дека бил незадоволен од работата на клубот, бидејќи не му биле одобрени некои трансфери што ги сака, но, наводно, пристигнувањето на Алексис Санчез на „Олд Трафорд“ било позитивна работа што на крајот го поколеба Мурињо за продолжување на договорот до летото 2021 година.

Јунајтед моментално е втор во Премиер лигата со 12 бода помалку од лидерот Манчестер Сити.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...