Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, ги сподели плановите на раководството за да отстранување на разликите меѓу богатите и сиромашните клубови, со цел да се одржи рамнотежата во европскиот фудбал.
Според Словенецот, веќе стана неприфатливо најбогатите клубови да ги привлечат најдобрите играчи и со тоа да ја уништат конкуренцијата.
- Мораме да го запреме овој феномен, изјави Чеферин за британскиот Телеграф.
Тој планира серија средби со сопствениците на најголемите клубови на континентот за да дискутираат за некои ограничувања за платите на играчите и заработката на нивните агентите.
- Клубовите кои не ги почитуваат правилата ќе бидат принудени да платат луксузен данок, рече Чеферин.
УЕФА, исто така, планира да ги дополни правилата за финансискиот фер-плеј со барање дека разликата помеѓу засилувањата и продадените играчи да не надминува 100 милиони евра.
Исто така, се планира да се ограничи бројот на позајмени играчи за да се избегне ситуацијата во која се наоѓа Челзи, кој има договор со над 50 фудбалери.