Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон кој соопшти дека се пензионира од националниот тим по неизбореното учество на Мундијалот 2018, се уште не донел конечна одлука до кога ќе настапува за Јувентус.
- Иднината не е мој примарен проблем. Јас сум во фудбалот скоро 30 години и морам да го земам тоа многу во предвид. Се уште не сум одлучил, бидејќи морам да разговарам со претседателот на Јувентус. Сакам да донесам вистинска одлука и ќе го направам тоа во разговор со луѓе кои ме разбираат, рече Буфон.
Тој додаде дека Јувентус е клубот од кој добил се и поради тоа се додека е потребен ќе биде во функција на „Старата дама“.