Дербито на „Енфилд“ меѓу Ливерпул и Тотенхем покрај контроверзните одлуки на главниот судија Џонатан Мос, реакции во јавноста предизвика и по еден друг детаљ. При досудување на еден од двата пенала за гостите камерите го „фатија“ моментот како линискиот судија слави со стисната тупаница.
Дуелот беше во рамките на 26. круг на Премиер лигата, и нивните дуел во самиот финиш се претвори во општа конфузија з ана крајот да заврши без победник 2:2.
Навивачите на Ливерпул беа огорчени на судиите, а во јавноста се појавија разни теории за заговор поради реакцијата на линискиот арбитер Еди Смарт.