Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан кажа дека целата концентрација му е насочена на вечерашната пресметка со ПСЖ во Лигата на шампионите и дека не размислува за други работи.
„Кралскиот клуб“ ги загуби речиси сите шанси да освои трофеј во Шпанија, па им преостанува сезоната да ја спасат преку Лигата на шампионите, а тамошните медиуми шпекулираат дека ова е последна прилика Зидан да го зачува тренерското место.
- Не постои дополнителен притисок во овој момент. Се подготвуваме како што го правиме тоа секогаш. Јас во моментов сум фокусиран на мечот и не размислувам за размислувам за мојата иднина. Секој тренинг, секој натпревар одлучува што ќе се случи. Мојата иднина не е клучна, Реал е најважен. Ние не сме оптоварени, ние ги сакаме овие натпревари, изјави Зидан.
Натпреварот Реал Мадрид – Пари Сен Жермен се игра вечер со почеток од 20:45 часот на „Сантијаго Бернабеу“ во рамките на осминафиналната пресметка од ЛШ.