По вчерашниот дуел: Перез го понудил Иско на ПСЖ

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, го предложил играчот од средниот ред на „белите“, Иско на неговиот колега од Пари Сен Жермен - Насер Ал-Келаифи, пренесе „Диарио Гол“.

Информациите од објавата наведуваат дека ова се случило за време на првиот 1/8-финален дуел меѓу двата гиганти во Лигата на шампионите, кој заврши со успех од 3:1 за актуелниот носител на трофејот.

Изворите на цитираното издание откриваат дека предлогот на Перез не бил добредојден. Ал-Келаифи категорично одбил, а негативен бил одговорот и на истото прашање во врска со Карим Бензема.

Потсетуваме дека претходно, медиумите во Шпанија шпекулираа дека Иско, најверојатно, ќе го напушти „Бернабеу“ по крајот на сезоната. Гласините се дека играчот од средниот ред не ги исполнувал барањата на Зинедин Зидан. Тој има уште неколку месеци за да ги сврти настаните во своја полза, и доколку не успее во обидите, ќе се збогува со „кралскиот“ клуб.

Меѓу кандидатите за потписот на Иско се Манчестер Сити и Челзи. Финансиските барања на актуелниот европски шампион не се големи, а гласини велат дека „граѓаните“ се подготвени да платат до 100 милиони евра.

25-годишниот Иско има 19 натпревари во Ла Лига оваа сезона и пет постигнати гола.

Иско се приклучи на шпанскиот гигант во сезоната 2013/14, кога дојде од Малага.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...