Бонучи: Ова е Милан на Гатузо

Дефанзивецот на Милан, Леонардо Бонучи му честиташе на Џенаро Гатузо за трансформацијата на тимот по синоќашната победа на „росонерите“ со 1:0 над Сампдорија.

- Се се смени откако пристигна Гатузо. Формиран е тим, влеговме во подобра форма и сето тоа се должи на него. Направивме голем чекор напред и сега сакаме да продолжиме на овој начин. Гатузо ни донесе менталитет, чувство на припадност и физичка издржливост. Општо земено, тоа најмногу ни недостигаше. Претходно не бевме тим, ни недостасуваше силна психа. Но, напорно работевме за да ја постигнеме нашата цел, рече Бонучи.



- Јас преземам дел од одговорноста на моите рамења, но сега повторно се откривам. Гатузо ми помогна многу во овој поглед. Тој е одговорен за ова. На почетокот на сезоната, јас не ги прифаќав работите добро бидејќи дадов премногу значење на сè околу мене. Мислев дека сум спасител на овој клуб, но на сите им е јасно дека потребна е тимска работа. Сепак, се уште треба да поминеме многу долг пат, смета италијанскиот репрезентативец.

- Тренерот го притисна вистинското копче во вистинско време и ни ја даде потребната самодоверба. Тој не убеди дека Милан не треба да биде она што беше во првите неколку месеци од сезоната и ни ги пренесе неговите идеи, рече Бонучи, кој вчера постигна гол против Сампдорија, но тој беше поништен поради недозволена позиција.

- Знаев дека сум во офсајд, но славев затоа што сакав да уживам во моментот. Сепак, им реков на моите соиграчи дека сум бил во офсајд, додаде дефанзивецот на Милан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...