Мурињо ја бранеше дефанзивната тактика против Севиља

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ја заштити својата дефанзивна тактика по синоќешното реми во Севиља, при што домаќините упатија 25 удари, наспроти шест за Црвените ѓаволи.


 
- Мислам дека многумина од вас се во нов спорт! Во Англија некои луѓе велат дека крилата како Алексис Санчез не треба да помагаат во одбрана. Следниот пат кога ќе се сретнам со Дејвид Бекам ќе го прашам дали во негово време тој стоел и го гледал левиот бек на противникот напаѓа, а притоа да не интервенира, запраша Специјалниот.
 
Тој продолжи со тоа ќе ги праша Рој Кин и Пол Сколс дали кога нивниот тим ја губел топката, тие се враќале назад или се шетале по теренот.
 
- Затоа што во наши денови излегува дека сите добри играчи треба да добиваат слобода на теренот. Тоа е глупаво. Кога топката е во твои нозе - напаѓаш. Кога е кај противникот - се браниш. Тоа е едноставно! Но очигледно некои луѓе измислуваат нов спорт, продолжи Мурињо.
 
Менаџерот на Манчестер Јунајтед додаде не ги гледа работите на тој начин.
 
- Бидејќи успешните тимови, топ-клубовите во светот сега и пред 10-20-30 години, секогаш работеле напорно. Секој има и имал тактичка дисциплина. Пред натпреварот ми беа поставени три прашања за Пол Погба, а тој дури и не беше во почетниот состав. Тоа е чудно. Ве почитувам, но ако бев на ваше место, јас ќе го прашав менаџерот на Манчестер Јунајтед дали се согласува дека Скот Мектоминеј одигра извореден натпревар.

A одговорот би бил позитивен, тој изгледаше како искусен фудбалер со голема зрелост и тактичко знаење. Одговорност во играта, добар во контролата на топката и добар во вршењето пресинг врз противникот. Но, јас одговарам и на вашите прашања - Пол направи големи напори за да му го даде на тимот она што го сакав од него.

Почнав со Андер Ерера, бидејќи со него на теренот еден играч како Банега не изгледаше толку фантастично. Бидејќи ги немаше слободните простори . Пол го замени повредениот Андер и се обиде да му ги даде на тимот истите квалитети кои се потребни за да се спротиставиме на противникот. Тој ни даде стабилност. изјави менаџерот на Црвените ѓаволи.
 
Мурињо наведе дека не чуствува олеснување од ремито.
 
- Го завршивме натпреварот со повеќе простор отколку на почетокот. Бевме блиску и до постигнување на гол. Имаше само еден период од натпреварот, во кој бевме притиснати и тоа беа последните минути од првото полувреме, кога тие шутираа по наши грешки, но Давид Де Хеа направи одлични одбрани.

Натпреварот беше рамноправен. Статистиката по натпреварот е таква каква што е. Понекогаш имаш 15 удари, но пак 13 од нив се само удри за статистика, како ги нарекувам јас. Затоа сметам дека овој резултат одговара на прикажаното, додаде Жозе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...