Лорис за Погба: Тој се уште е еден од најдобрите во светот

Пол Погба се уште е еден од најдобрите играчи во светот, и покрај неговата тешка ситуација во Манчестер Јунајтед, изјави капитенот на репрезентацијата на Франција, Уго Лорис за неговиот сонародник.

Иако во последно време е резерва во составот на „црвените ѓаволи“, халфот беше меѓу повиканите во селекцијата на „петлите“ од Дидие Дешамп за контролните средби со Колумбија и Русија.

- Пол се уште е многу силна фигура во нашиот тим и еден од нашите лидери. Да, ситуацијата кај него е малку комплицирана, но тој веќе се докажа и мислам дека се уште е меѓу најдобрите фудбалери во светот. Тој сега дури е и позрел од претходно, изјави Лорис за локалните медиуми.

- Совршено добро знае кои се неговите одговорности, и нема сомневање дека ќе биде подготвен за Светското првенство и ќе го покаже најдоброто од себе во Русија, нагласи Лорис.

Погба најверојатно ќе остане на клупата за првиот натпревар против Колумбија, откако селекторот Дешамп признал дека неговите проблеми се премногу комплицирани, пренесе „Метро“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...