Самполи: Мундијалот е како револвер на главата на Меси

Аргентинскиот селектор Хорхе Сампаоли смета дека Лионел Меси е под голем психолошки притисок пред почетокот на Светското првенство во Русија.



Во изминатите неколку дена многу поранешни играчи истакнаа дека Меси не може да се смета за најдобар играч во историјата, бидејќи се уште нема трофеи со селекцијата на Аргентина.

Годинешниот Мундијал е можеби последна шанса фудбалерот на Барселона да ја однесе својата земја во титулата. Поради оваа причина, Сампаоли во својата книга, која ќе биде објавена во април, објасни под каков притисокот е Меси.

- Лео има револвер на главата, наречен Светско првенство, и ако не победи, ќе биде застрелан и како резултат на тоа, тој не може да ужива во неговиот талент. Целата приказна за неговите настапи во националниот тим многу му штети, напиша селекторот на Аргентина.

За потсетување, на последното Светско првенство во Бразил во 2014 година, Аргентинците ја загубија титулата по поразот во финалето од Германија по продолженија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...