Де Геа со личен рекорд

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа, кој вчера за првпат ја носеше капитенската лента на тимот од „Олд Трафорд“ постигна личен рекорд.

На синоќешниот дуел против Борнемут, Шпанецот го зачува голот и тоа за него беше 21-ва „чиста мрежа“ од почетокот на сезоната, што е негов најдобар резултат откако игра за Јунајтед.

Во Премиер лигата Де Геа веќе има 17 натпревари, во кои не е совладан оваа сезона, три повеќе од голманот на Манчестер Сити, Едерсон, кој е втор.

Со добрите одбрани Де Геа се најде во идеалниот тим на сезоната во Премиер лигата, избран од страна на Здружението на професионални фудбалери во Англија. Тој е и меѓу номинираните за играч на сезоната.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...