Фудбалерот Јувентус, Џорџо Киелини, најверојатно, нема да игра на натпреварот од 35. коло на шампионатот на Италија против Интер.
33-годишниот дефанзивец беше повреден во 34. круг со Наполи (0:1) одигран синоќа во Торино.
- Киелини, најверојатно, нема да биде подготвен за натпреварот со Интер, кусо изјави тренерот Алегри, при тоа не соопштувајќи повеќе детали за повредата.
Натпреварот Интер – Јувентус ќе се игра в саботата (28 април) и е многу значаен за конечниот исход во Серија А.
Во пресрет на овој меч Јувентус е прв на табелата со бод предност во однос на Наполи.