Мадрид или Јунајтед? Не е време да зборуваме за трансфери

Големата ѕвезда на Пари Сен Жермен, Нејмар, кој вчера очекувано беше избран за најдобар фудбалер за минатата сезона во Лига 1, изјави дека веќе му здосадило од постојаните гласини за негов трансфер во текот на летото.

Со месеци упорно се зборува дека напаѓачот ќе го напушти ПСЖ само по една сезона во тимот и по секоја веројатност ќе премине во Реал Мадрид.

Вчера, англиското издание „Мирор“ објави дека Манчестер Јунајтед ќе се приклучи во битката за Нејмар, откако „црвените ѓаволи“ се подготвени да понудат 227 милиони евра за него.

Сепак, Бразилецот рече дека нема намера да зборува за можен трансфер, бидејќи тој моментално се фокусира само на претстојниот Светски шампионат во Русија.

- Мадрид или Јунајтед? Секој знае зошто дојдов во ПСЖ, целите кои ги имам. Целта ми е сега Светското првенство, па не е време да се зборува за трансфери. Веќе ми е малку досадно од сите овие гласини, изјави Нејмар пред „Фокс Спортс“.

Во саботата, претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи самоуверено изјави дека „2.000 отсто“ Нејмар ќе остане во клубот и наредната сезона.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...