Сари ќе ги убедува Куртоа и Азар да останат во Челзи

Новиот менаџер на Челзи, Маурицио Сари изјави дека Еден Азар е еден од двајцата или тројцата најдобри фудбалери во Европа и тој се надева на средба во четири очи, на која ќе се дискутира за иднината на фудбалерот.



Азар рече дека по Светското првенство во Русија можеби ќе дојде вистинското време за поинаков предизвик. По овие зборови, тој беше поврзан како потенцијално ново засилување на Реал Мадрид, кој ослободи место по продажбата на Кристијано Роналдо во Јувентус.

Самиот играч од средниот ред одлучи да се одмори откако го освои третото место на Светското првенство со Белгија во саботата. Истото го направи и голманот Тибо Куртоа, за кого исто така покажуваат интерес „кралевите“ од Реал Мадрид.

Сари од своја страна истакна дека „не сака сега да им ѕвони на играчите, бидејќи телефонот е разговор без да ги гледаш очите на спротивната страна и многу работи можат да бидат нејасни“.

Новиот италијански тренер за време на првата прес-конференција додаде дека „тимот ќе одигра на поинаков начин од оној на сонародникот“ и негов претходник Антонио Конте, кој ја освои шампионската титула во првата година на чело на тимот и ФА Купот на Англија во втората по менувањето на системот со тројца дефанзивци.

Челзи веќе го привлече дефанзивниот играч од средниот ред од Наполи, Жоржињо.

- Mојата цел е да се забавуваме и потоа да бидеме конкурентни во сите натпреварувања до самиот крај. Ако тимот се забавува на теренот, тогаш и навивачите ќе се забавуваат. Тоа е многу важно. Ние сакаме да стигнеме што е можно подалеку со тимот, но исто така, фудбалерите мора да уживаат на теренот, рече 59-годишниот тренер кој се претстави одлично со тимот на Наполи.

Челзи ја почнува новата сезона со натпреварот против Манчестер Сити на 5 август за Комјунити Шилд, а потоа гостува на Хадерсфилд пет дена подоцна во својот прв шампионатски дуел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...