ВАР тест во Премиер лигата

За прв пат во својата историја, Премиер лигата ќе го тестира системот за видеоарбитража (ВАР) во неколку дуели одеднаш. Ова ќе се случи во сабота, кога 5 натпревари од 5-тиот круг на англиското првенство ќе започнат во 16 часот по македонско време.



Досега на Островот, ВАР беше тестиран само во рамките на одделни натпревари. ФА инсистира да види точно како системот ќе работи кога станува збор за справување со спорните ситуации во неколку битки во исто време.

Како што веќе е познато, централата на ВАР се наоѓа во Стокли парк, близу до аеродромот Хитроу во Лондон. Важно е да се наспомене дека во никој случај нема да има каква било комуникација од неа до судиите на натпреварите што треба да се разгледаат. Премиер лигата сака да провери, во реално време и врз основа на моменталните ситуации, како ќе изгледа организацискиот механизам. Тестирањето на ВАР е ограничено на голови, ситуации за пенали и директни црвени картони.

Во април, клубовите во Премиер Лигата гласаа против воведувањето на системот за тековната сезона 2018/2019. Како и во претходната кампања, иновацијата ќе се користи во Лига Купот и ФА Купот, но само на елитни стадиони.

Минатата сезона ВАР се користеше во вкупно 19 натпревари, а се очекува во актуелнава да се користи на околу 60.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...