Гризман: Играм на ниво на Роналдо и Меси, очекувам „Златна топка“

Мадрид, 17 септември 2018 (МИА) - Еден од најдобрите фудбалери на светот Антоан Гризман упати критики на сметка на ФИФА, бидејќи не се најде во потесниот круг во изборот за играч на годината и наведе дека се надева на наградата „Златна топка“.

Во конкуренција за наградата „Бест“ на ФИФА се најдоа Кристијано Роналдо, Лука Модриќ и Мохамед Салах.

- Франција е првак на светот. Ние завршивме одлична работа на Мундијалот, кој е натпреварување на ФИФА. Мислам дека некој од нас требаше да влезе во изборот - Канте, Мбапе, Варан или јас, истакна францускот фудбалер.

Тој смета дека сега игра на ниво на Кристијано Роналдо и Лионел Меси и дека очекува на крајот од годината да ја добие наградата „Златна топка“, која ја доделува „Франс фудбал“.

- Имам уште три месеци напорно да работам за да ја освојам „Златната топка“, за која сметам дека е поважна од наградата на ФИФА, наведе францускот фудбалер.

Гризман во 2018 година со француската репрезентација го освои Светското првенство во Русија, а со Атлетико Мадрид ја освои Лигата на Европа и европскиот Суперкуп.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...