Де Бруин: Ќе бидам подготвен за дербито со Јунајтед

Манчестер, 21 септември 2018 (МИА) - Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин де Бруин се опоравува побрзо отколку што се очекуваше од повредата на коленото и се надева дека ќе се врати на теренот за дербито против Манчестер Јунајтед во Премиер лигата во ноември.

Белгискиот репрезентативец, кој постигна осум гола и направи 16 асистенции за шампионите во Англија минатата сезона, се повреди на тренинг во август.

Де Бруин рече дека ќе продолжи со тренинзите во октомври и се надева дека ќе игра во дербито на Манчестер на 11 ноември.

- Се уште ми требаат три, четири, пет седмици, но јас сум подобро, се надевам дека ќе се вратам за да му помогнам на тимот. Мислам дека ќе бидам подготвен за дербито против Јунајтед, додаде белгискиот репрезентативец.

Манчестер Сити моментално е трето место во Премиер Лигата со 13 поени, а во сабота оди во посета на повратникот во елитата, Кардиф.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...