Нејмар незадоволен во Париз, сака да се врати во Барселона

Најскапиот фудбалер на светот Нејмар е незадоволен во Пари Сен Жермен и е подготвен да се врати во Барселона, тврди шпански „Мундо Депортиво“.



Како што е наведено, Нејмар веќе пратил сигнали до лидерите на каталонскиот клуб, од каде во 2017 година премина во Париз за неверојатни 222 милиони евра.

Иако тогаш Нејмар си замина од „Камп Ноу“ со многу „тешки зборови“ од двете страни, сега во Барселона цврсто веруваат дека ќе бидат во можност да го вратат во Каталонија.

Написите дека бразилскиот напаѓач е незадоволен во ПСЖ зачестија. Тој пред почетокот на сезоната беше поврзуван со Реал Мадрид, но парижаните одбиле било каква понуда.

Сега се шпекулира дека Нејмар не е задоволен што е во сенка на Килијан Мбапе, како што беше случај во Барселона со Лионел Меси.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...