Игуаин: Во Милан ме бараа сите, во Челзи само тренерот

Напаѓачот на Милан, Гонзало Игуаин ги кажа причините за неговиот избор во Милано да ја продолжи кариерата.
За Игуаин многу беше заинтересиран и Челзи, но тој се одлучи за „Сан Сиро“.



- Го избрав Милан затоа што ми се допадна нивниот проект. Тренерот Гатузо, заедно со директорите Малдини и Леонардо беа упорни да ме донесат. Навистина ми се допадна нивниот пристап. Овде сите ме сакаа, додека во Челзи бев желба само на тренерот Сари, изјави Игуаин.

Аргентинецот претходно играше за Јувентус кој оваа сезона се засили со Кристијано Роналдо.

- Одлуката да си одам од Јувентус беше нивна. Буквално бев избркан од клубот. Морам да кажам дека навивачите и играчите ме почитуваа. Дадов се за тој клуб и не очекував таков крај.

Игуаин се потсети и на времето додека беше дел од Наполи.

- Навивачите на Наполи не можат да ми опростат дека заминав во Јувентус. Тоа е нивно право и не мим се лутам. За нив не можам ништо лошо да кажам. Тоа беше поради конфликт со претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис. Но за тоа ќе раскажам во некое друго време, рече аргентинскиот фудбалер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...