Лопетеги: Ние сме шампиони и знаеме како да се издигнеме од тешката ситуација

Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, верува дека неговиот тим има сили и квалитет да ја надмине резултатската криза во која се наоѓа и додаде дека не го засегаат пишувањата во медиумите за негово скоро разрешување.



- Ние сме тим на шампиони и знаеме како да се издигнеме од ситуацијата во која се најдовме. Свесни сме дека треба да бидеме подобри и тоа ќе го направивме. Фокусирани сме и мотивирани досегашните резултати да не влијаат на нас. Возбудени сме пред натпреварот од Лигата на шампионите, изјави Лопетеги.

Шпанскиот стручњак посочи дека до него не допираат се почестите шпекулации за негова скорешна смена.

-Не придавам значење на пишувањата по медиумите. Моја задача е да ја подготвам екипата за секој нареден натпревар и тоа го првам, потенцира Лопетеги.

По шпанските медиуми се појавија информации дека вечерашниот дуел со Плзењ (21 часот) во ЛШ на домашен терен, како и дербито со Барселона следниот викенд се пресудни за судбината на Лопетеги на тренерското место во Реал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...