Игуаин ги помина прегледите, но Челзи не успеа да го пријави на време

Новиот напаѓач на Челзи, Гонзало Игуаин, кој официјално ќе потпише договорот со клубот за неколку часа, нема да може да дебитира во утрешното дерби со Тотенхем од полуфиналето на Лига Купот. Причината за ова е дека тимот од Лондон не успеа да го пријави навреме Аргентинецот, за да може тој да учествува во утрешниот дуел.

Тоа требаше да се случи во 13,00 часот по македонско време, но „сините“ го пропуштија терминот. Веста ја потврди менаџерот на тимот Маурицио Сари.

– Договорот на Игуаин ќе биде потпишан во следниве неколку часа. Невозможно е тој да игра утре. Се надеваме дека тој ќе ни донесе многу голови. Многу е тешко во јануари да најдеш еден од најважните напаѓачи во светот. Затоа мислам дека клубот заврши многу добра работа, рече Сари.

Напаѓачот, кој досега играше како позајмен во Милан, ќе биде привлечен во Челзи на позајмица до крајот на сезоната, по што рокот може да биде продолжен за уште 12 месеци.

Тој пристигна во Лондон ова утро и наводно ги поминал лекарските прегледи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...