Сари: Дали сум на пораз од отказ? Не ми е гајле, ако морам да бидам искрен

Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, одговори на зголемениот број критики откако неговиот тим успешно го надмина шеснаесетфиналето во Лигата на Европа. Синоќа „сините“ го совладаа шведски Малме со 3:0 и со вкупни 5:1 одат во следната фаза.



Сари беше подложен на бројни критики поради фактот дека во претходните 10 натпревари „сините“ регистрираа 5 порази, вклучувајќи 0:4 од Борнемут и 0:6 од Манчестер Сити, против кого овој викенд играат финале во Лига Купот. Италијанецот беше категоричен дека неговиот тим не ги заслужил критиките и потсетите дека при доаѓањето тој наследил тим кој завршил надвор од топ 4 во претходната кампања.

– Дали сум на еден пораз од разрешување? Не ми е гајле, ако морам да бидам искрен. Морам да размислувам за мојата работа од гледна точка на големата слика, во спротивно нема да ја извршувам мојата должност правилно. Затоа продолжувам по својот пат и ништо не се сменило, барем не колку што јас знам, изјави Сари на пресот по натпреварот синоќа.

Италијанецот додаде дека не може да разбере зошто луѓето велат дека сезоната на Челзи е толку негативна, а за споредба го даде градскиот ривал Арсенал.

– Слушам луѓе како ја фалат сезоната на Арсенал, но овој тим нема да игра финале за Куп, има помалку поени од нас во шампионатот и исто како нас се пласираше во осминафиналето во Лига Европа. Не разбирам зошто луѓето велат дека нашата сезона е толку негативна, а на Арсенал – импресивна. Точно е дека имаше многу подеми и падови, вклучувајќи и некои многу фрустрирачки, но со оглед на амбиентот и дека ова ми е прва сезона во ново првенство, мислам дека е прифатливо. Сепак, зедов тим кој заврши на 5 место со 70 поени, изјави тој.

Сари исто така даде духовит одговор на гласините во италијанските весници дека имал вечера со консултантот во Рома, Франко Балдини.

– Гласините за вечерата ги слушнав синоќа, но за последно чув дека Балдини е во Јужна Африка, а јас нема да одам дотаму за вечера. Мирно можете да ги определите информациите како глупости, изјави тренерот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...