Варан одби да коментира за својата иднина

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан не ги прокоментира гласините дека има желба да си замине од кралскиот клуб.

– Не сакам да коментирам за иднината и немам навика да дискутирам јавно за своите планови, отсече Французинот.

Во однос на Зидан, тој вели дека го цени како човек и тренер.

– Тој е исклучително важна личност за мене. Забавно е дека пред неговото тренерско деби во 2016-та се сомневав дали ќе се справи, но тој ги натера сите критичари да замолчат и покажа дека може да го раководи најголемиот клуб во светот, вели Варан.

Варан има договор со тимот од Мадрид за уште три години, но во последниве неколку недели се шпекулира дека може да се пресели во Јувентус по завршувањето на сезоната.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...