Ангеловски: На убав начин му го честитавме јубилејот на Пандев

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по синоќешната победа од 3:1 на Градскиот стадион во Скопје на почетокот на квалификациите за ЕП 2020, изјави е задоволен од играта и дека заслужено оствариле победа.



Алиоски постигна еден погодок, Елмас два, а Пандев запиша асистенција во неговиот јубилеен 100-ти натпревар во дресот на Македонија.

– На убав начин му го честитавме јубилејот на Пандев. Елмас беше одличен, со два гола му честиташе на батко Горан. Го остваривме тоа што го најавувавме, освоивме три бода. Мислам дека е сосема заслужено. Мислам дека моравме и порано да го решиме натпреварот, но на крајот добро се заврши, изјави селекторот Ангеловски по мечот.

Селекторот сепак истакна дека нема простор за еуфорија, откако дуелот со Словенија е веќе во недела и треба да се подготват за мечот во Љубљана. Словенија синоќа одигра нерешено со Израел на гости.

– Не треба да не фаќа еуфорија, не очекува нов меч, против Словенија во Љубљана. Мораме да се фокусираме на овој меч. Сакам да ги повикам нашите иселеници таму да дојдат и да ни дадат поддршка, додаде Ангеловски.

Дуелот од второто коло од квалификациите за ЕП 2020 е во недела од 20:45 часот на „Стожице“



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...