ВАР ја спаси Венецуела од пораз против Бразил (видео)

Салвадор, 19 јуни 2019 (МИА) – Бразил и Венецуела одиграа без победник 0:0 во 2. коло од групната фаза на фудбалскиот Куп на Америка. Бразилците кои се домаќини на натпреварувањето и кои важеа за голем фаворит на овој дуел, постигнаа три погодоци, но сите беа поништени поради прекршување на правилата.

На десетина минути пред крајот на првото полувреме, Фирмино постигна, но беше поништен поради прекршок во моментот на приемот на топката.

„Кариоките“ ја погодија противничката мрежа двапати и во текот на второто полувреме преку Габриел Исус и Филип Кутињо, но двата гола по прегледување на видео – снимката не беа признати поради офсајд.

По две кола во А-групата водат Бразил и Перу со по 4 бода, Венецуела има 2, Боливија е без бодови. зс/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...