Блатер изненаден од притворањето на Платини

Цирих, 19 јуни 2019 (МИА) – Поранешниот претседател на ФИФА, Џозеф Блатер, беше изненаден од притворањето на поранешниот шеф на УЕФА, Мишел Платини, во случајот за корупција кога Катар доби право да биде домаќин на Светското првенство во 2022 година.

Швајцарецот смета дека овој случај е затворен уште од 2016 година.

– Да бидам искрен, ова предизвика големо изненадување кај мене. Изненаден сум од продолжувањето на истрагата, која ја сметав за комплетна. Сè уште верувам дека разговорот на Платини со Никола Саркози и емирот на Катар нема врска со корупција, изјави Блатер.

За потсетување, Платини беше ослободен од полицијата минатата ноќ откако тој одговори на прашања од обвинителите. зс/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...