Гвардиола го пушта „несреќниот“ Сане да си оди

Дури и во добро подмачкана машина како Манчестер Сити има некои детали што кочат. Таков е случајот со една од ѕвездите на тимот, Лерој Сане, кој цела година не може да се разбере со раководството и не потпишува нов договор.



Неговиот сегашен договор е за уште две години, а Баерн Минхен е заинтересиран за него. Играчот му признал на менаџерот Гвардиола дека не е среќен на „Етихад“, пишува весникот „Сан“. И тоа ја отвора вратата за трансфер во неговата татковина.

– Очекувам Лерој да остане кај нас. Но има и друго. Клубот му упати понуда пред околу една година, а јас секогаш сум велел дека сакам да располагам само со играчи кои се среќни тука. Тој знае дека сите во клубот ќе сториме се што е во наша моќ да му помогнеме да биде најдобрата верзија на самиот себе. Тоа нема да значи дека местото му е загарантирано, бидејќи располагам со многу квалитетен состав. Желбата да располагам со него во составот постои. Но, во исто време сакам секој мој играч да биде среќен. Ако тој не е среќен тука, тој може да замине, нема да го спречам, рече Гвардиола.

Овие зборови ја отвораат вратата за трансфер во Баерн. Баварците сепак не сакаат да плаќаат трансферна сума од 100 милиони евра, која се бара за потписот на Сане. Во исто време „граѓаните“ не се подготвени да отстапат од неа, па Германците ќе треба да посегнат длабоко, ако сакаат да располагаат со него.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...