Инфантино бара енергични мерки против расизмот на стадионите во Италија

Цирих, 23 септември 2019 (МИА) – Претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) Џани Инфантино призна дека во Италија има проблеми со манифестација на расизам од страна на навивачите кон фудбалерите. Тој побара акција од надлежните за спречување и искоренување на оваа појава од стадионите на Апенинскиот Полуостров.

Натпреварот од 4. коло во Серија А, Аталанта – Фиорентина (2: 2) беше запрен поради расистички извици од трибините.

– Расизмот може да се победи преку едукација и дискусија. Во фудбалот не треба да има вакви манифестации. Но, во Италија ситуацијата не се подобрува. Неопходно е да се санкционираат оние што се нетолерантни на стадионот и да се отстранат од таму. Неопходно е да се напишат казни, да се лиши од правото да присуствува на натпревари, како во Англија. Не можете да се плашите да се соочите со овој проблем, во спротивно тој нема да исчезне сам по себе, апелира Инфантино. зс/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...