Бекам го сака Бејл во Интер Мајами

Поранешниот репрезентативец на Англија, Дејвид Бекам сака крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Герет Бејл да биде првата голема sвезда во неговиот клуб, Интер Мајами.

Бекам е амбициозен неговиот тим да биде сериозен фактор во својата дебитантска сезона во МЛС лигата оваа година, а неодамна стана јасно дека двојниот освојувач на Копа Либертадорес – Диего Алонсо, ќе застане на чело на тимот.

Целта на Бекам сега е да изгради состав околу sвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл, пренесува „Дејли Мејл“. Не е тајна дека мадридскиот клуб се обидува да се раздели со Бејл и неговата огромна плата, а самиот фудбалер не ја крие својата лутина од односот на раководството кон него, бидејќи тој беше близу до трансфер во Кина во текот на летото, но тој беше блокиран од Перез.

Во последните денови се шпекулира дека Интер Мајами покажал интерес и за плејмејкерот на Манчестер Сити, Давид Силва и крилниот напаѓач на Челзи Педро, но привлекувањето на Бејл ќе ги демонстрира големите амбиции на Бекам.

Сепак, според информациите, за Бејл интерес покажува и друг клуб од МЛС – Лос Анџелес Галакси, кој сака да добие ново сериозно име во составот, откако Златан Ибрахимовиќ замина по крајот на минатата сезона и се пресели во Милан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...