Солскјер: Мора да бидеме многу внимателни со Руни

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер призна дека неговите пулени треба да бидат многу внимателни во врска со постапките на напаѓачот на Дерби Каунти, Вејн Руни, за време на натпреварот помеѓу двата тима во полуфиналето на ФА Купот утре вечер.



Легендата на „црвените ѓаволи“ се појави како централен играч од средниот ред за тимот од Чемпионшип и Солскјер е уверен дека на 34 години, Руни е сè уште многу опасен за противникот.

– Тој е опасен, и во и околу шеснаесетникот, под статички услови. Вејн ќе сака да покаже за што е способен и дека сè уште има живот во „старото куче“. Мораме да бидеме многу внимателни да не му дадеме слободен простор околу шеснаесетникот и во центарот, прокоментира Норвежанецот.

Тој додаде дека очекува гостинските навивачи на „Прајд парк“ да му аплаудираат на својот поранешен миленик.

– Мислам дека сите наши навивачи го ценат она што го направи за нас. Тој е секогаш добредојден во клубот, се уште доаѓа на „Олд Трафорд“ и ќе биде добро прифатен од нашите навивачи, вели тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...