Јувентус во изолација - Ругани заразен со коронавирусот

Фудбалерот на Јувентус, Даниеле Ругани е позитивен на коронавирус, по што во таборот на италијанскиот шампион е прогласена вонредна состојба. Тимот е во изолација, а првата ѕвезда, Кристијано Роналдо не се врати од Мадеира, Португалија каде отиде во посета на својата мајка која имаше мозочен удар.



По веста за заразениот Ругани, најавено е тестирање на сите играчи на Јувентус, како и на тимот на Интер против кого „старата дама“ играше минатиот викенд без публика.

Останува да се види како ќе се одвиваат работите во Јувентус со оглед на тоа што напаѓачот Гонзало Игуаин тренираше индивидуално поради повреда на десниот бутен мускул, додека играчот од средниот ред Родриго Бентанкур воопшто не тренираше исто така поради повреда.

Следниот тренинг на Јувентус е закажан за утрово, а веќе по пет дена тимот треба да игра со Лион во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...