Договорот за продажба на Њукасл пред неуспех

Навивачите на Њукасл наскоро ќе доживеат ново разочарување откако договорот да се продаде клубот на саудиски инвеститори е на работ на неуспех, информира „Мирор“.

За „црно-белите“ е заинтересиран престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, а вредноста на клубот беше проценета на 300 милиони фунти.

Документите за договорот беа доставени на одобрување до раководството на Премиер лигата пред повеќе од пет месеци, по што, сепак, имаше затишје заради големото јавно незадоволство.

Саудиска Арабија е обвинета за злоупотреба на човековите права. Клубовите исто така не се ентузијасти за појава на ново лице на фудбалскиот пазар.

Според публикацијата, ситуацијата е на пат да ја искористи италијанска Серија „А“, а особено тимот на Рома. За претседателот на „волците“, Џејмс Палота се шпекулира дека контактирал со Саудијците за да им го понуди тимот.

За таа цел, Американецот ги искористил услугите на инвестициската банка „Голдман Сакс“, каде се свесни за тешкотиите на принцот на Островот и му понудиле опција со Рома.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...