По тримесечен прекин, на 6 и 7 јуни продолжува грчкото фудбалско првенство

Атина, 28 мај 2020 (МИА) – Без публика и под конкретни услови и мерки, на 6 и 7 јуни, по тримесечна пауза повторно започнува фудбалско првенство во Грција, откако грчката Влада им даде зелено светло на организаторите – Супер лигата, што воедно беше и позитивен одговор на нивното барање од минатата седмица, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текот на денешниот ден, управниот одбор на Супер лигата ќе одржи состанок да ја потврди одлуката, да ги прецизира деталите, како и условите и програмата за одигрување на натпреварите.

Заменик министерот за спорт на Грција Лефтерис Авгенакис за грчката трелевизија „ЕРТ“ рече дека иако од фудбалскиот клуб ОФИ било побарана присутност на стадионите на 20 отсто од гледачите, сепак, сега за сега натпреварите ќе бидат без публика.

Грчкото фудбалско првенство ќе започне со првите плеј-оф натпревари АЕК- Панатинаикос, ПАОК- Олимпијакос и Арис –ОФИ, додека пак дополнително ќе се одржи ждрепката за плеј- аут натпреварите од првата лига.

По последните натпревари на 1 март годинава, пред да се прекине првенството поради пандемијата, по одиграни 26 натпревари, Олимпијакос е прв на табелата со 66 бода, солунски ПАОК е втор со 52, а АЕК со еден под помалку на третото место. Следат Панатинаикос со 44 и ОФИ и Арис со 34 бодови. ср/зс/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...