Жиру: Загрижен сум за можноста да играме без навивачи

Напаѓачот на Челси, Оливие Жиру изјави дека е загрижен за играњето без навивачи, но среќен што повторно е со своите соиграчи. Англиското фудбалско првенство ќе продолжи на 17 јуни по скоро 3 месеци пауза поради пандемијата од коронавирус, но на стадионите нема да бидат дозволени гледачи.



– Почнавме да тренираме на 19 мај. Одлично е да се вратиме на теренот, повторно да ги гледаме нашите соиграчи и само да играме фудбал. Ми недостасуваше сето тоа, рече Жиру во интервјуто за официјалната веб-страница на УЕФА.

Тој вели дека сè е многу невообичаено, откако работат во групи од пет лица и неопходно е да се задржи растојание од најмалку два метра, што значи дека физичкиот контакт е исклучен.

– Двапати неделно се тестираме за коронавирус. Не користиме простории за сместување, не се тушираме. Мораме да се пресоблечеме пред да заминеме дома. Покрај тоа, во моментов е многу жешко … Не се жалам, но многу се потиме! Ми недостасуваат натпреварите, адреналинот, навивачите. Загрижен сум за можноста да играм без публика. Но, сè е добро, сите роднини се здрави, така што не е редно да се жалам, рече францускиот напаѓач.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...