Мурињо: Мојот позитивен биланс против Арсенал не значи ништо

Менаџерот на Тотенхем Жозе Мурињо истакна дека неговиот добар биланс во пресметките со Арсенал на домашен терен нема никаква важност пред претстојното дерби на северен Лондон овој викенд во Премиер лигата.

Мурињо во својата тренерска кариера досега има десет натпревари против „топчиите“ на домашен терен како тренер на Челзи, Манчестер јунајтед и Тотенхем и ниту еден пораз.

– Тоа е историја, ништо повеќе и нема никакво значење пред претстојниот дел, изјави Мурињо, во пресрет на гостувањето на Арсенал на „Тотенхем Хотспар стадион“.

Португалецот упати пофални зборови на адреса на тренерот на Арсенал, Микел Артета, но наведе дека не може со сигурност да каже дали тој е најдобриот млад тренер во Европа.

– Дали е тој добар и талентиран тренер? Тој веќе освои голем трофеј кратко откако дојде во тимот. За да седиш на клупата на Арсенал мора да поседуваш квалитет. Така што, да, Микел е добар тренер, но не ги познавам сите млади тренери и не знам дали тој е најдобриот, додаде Мурињо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...