Солскјер му ја честиташе шампионската титула на Манчестер сити

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер на градскиот ривал Манчестер сити им ја честита новата шампионска титула во Премиер лигата.



Веќе осма последователна сезона, Сити се подобри од Манчестер јунајтед во поредокот.

Јунајтед синоќа загуби на домашен терен од Лестер и со тоа остана и без теоретски шанси да ги стигне „граѓаните“.

– Го бркавме Манчестер Сити до крајот на сезоната. Ова е многу добро достигнување затоа што Сити е многу добар тим. Тие се достојни шампиони. Морам да им честитам, бидејќи одиграа фантастични натпревари оваа сезона и заслужено се прваци, истакна Солскјер по поразот од Лестер.

Манчестер сити стана шампион на Англија во сезоната 2020/21 три кола пред предвидениот рок. За граѓаните ова е петта титула во Премиер лигата и трета во последните четири години.

Исто така Сити двапати стана шампион на Англија пред формирањето на Премиер лигата (1936/37, 1967/68).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...