Рангник: Јас сум повеќе од среќен и позитивно изненаден

Генерално, сум повеќе од среќен и позитивно изненаден од физичката состојба на играчите и интензитетот на играта. Првиот половина час беше навистина добар. Нашето темпо беше со доста висок интензитет, изјави привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, кој вчера дебитираше на клупата на „црвените ѓаволи“.

За вчерашниот натпревар од 15-тото коло од Премиер Лигата во кој Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ го совлада Кристал Палас со 1-0, Рангник изјави дека единствено нешто што недостасуваше во првиот половина час е да постигнат еден до три голови.

– Единствено нешто што недостасуваше во овој половина час е да постигнеме еден или два-три гола. Но, за мене е јасно дека не можеш да ја играш целата игра, 90 минути со овој интензитет. Нејсе, и потоа, ние имавме контрола на играта, во второто полувреме започнавме исто добро и на крајот заслуживме да победиме, кажа Рангник.

Тој посочи дека мора да признае дека е позитивно изненаден, не само од добрата игра, туку имајќи ги предвид сите фактори, како недоволното време за одмор по последниот меч и лошото време за тренинг.

Рангник изјави дека за него изгледало логично да не менува многу работи по победата со Арсенал.

– За мене прашањето е како да издејствуваме притисок и контрола на топката, тогаш решив да играм 4-2-2-2 со двајца напаѓачи, рече Рангник.

Следниот натпревар Манчестер Јунајтед го игра против Јанг Бојс во среда, на 8-ми декември.

Рангник останува на клупата на „црвените ѓаволи“ до крајот на сезоната, а потоа останува во клубот како консултант за трансфери.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...