Алемани: Дембеле мора веднаш да ја напушти Барселона, ни требаат посветени играчи

Спортскиот директор на Барселона, Матеу Алемани, откри дека напаѓачот Усман Дембеле нема намера да го продолжи договорот со клубот и сака да го смени тимот.



– Почнавме преговори со Усман и неговите агенти околу јули. Сите овие шест месеци имавме дијалог, клубот даваше различни предлози, обидувајќи се да најде можност да го задржи играчот, но сите овие предлози беа одбиени од агентите на играчот. Денес, 20 јануари, 11 дена пред затворањето на преодниот рок, јасно е дека Дембеле не сака да ја продолжи кариерата во Барселона. Тој повеќе не сака да биде дел од нашиот проект. Му кажавме на Усман дека веднаш треба да го напушти клубот. Очекуваме Дембеле да си замине пред крајот на јануари. Ни требаат посветени играчи , изјави Алемани за „Мундо Депортиво“.

Дембеле е во Барселона од август 2017 година. Во сезоната 2021/22 тој постигна еден гол и направи две асистенции на 11 натпревари за каталонскиот клуб.

Договорот на 24-годишниот Французин со клубот е со важност до крајот на јуни 2022 година. Претходно беше објавено дека главниот тренер на Барселона, Чави нема да го вклучи Дембеле во составот за Атлетик поради ситуацијата со договорот на играчот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...