Биното: Ферари го нема победничкиот дух од ерата на Михаел Шумахер

Матија Биното смета дека Ферари се уште не го пронашол шампионскиот дух. Актуелниот извршен директор на Скудерија му се приклучи на тимот во 1995 година и беше сведок на првата победа на Михаел Шумахер за Ферари во 1996 година.

– За мене тоа беше и прва победа. Кога ја слушав химната, сфатив што е тоа Ферари. Потоа почнавме да освојуваме првенства во 1999 и 2000 година. Тој победнички став од ерата на Шумахер што ве тера да работите уште подобро по секоја победа сега го нема. Ф1 се промени драстично, големите тимови се зголемија повеќе од двојно, вистинските гиганти се борат во однос на можностите и ресурсите. Колку попријатно ќе биде да ги победиме нашите ривали, изјави Биното.

Тој смета дека неговиот тим ги има најдобрите пилоти.

– Повторувам, го имаме најдобриот пар на тркачи во Ф-1. Одлично се согласуваат, си помагаат, што придонесува за растот на тимот. Но, не можеме само добро да ја вршиме нашата работа – треба постојано да се подобруваме, да напредуваме, да даваме 120 проценти, ако не и 130. Во 2021 година завршивме шести во шампионатот за конструктори и се соочивме со притисок и критики. Ветивме дека ќе станеме конкурентни и го одржавме ветувањето. Сепак, да се има силен автомобил и возачи и способност да се користат можностите во секоја ситуација се две различни работи. Треба да го направиме следниот чекор, истакна Биното.

За Ферари сезонава возат Шарл Леклер и Карлос Саинц.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...