СП2022: Германските медиуми шокирани од елиминацијата

Шок и неверување провејува во извештаите на германските медиуми по елиминацијата на националниот тим од Светското првенство во Катар, а дел од вината му ја препишуваат на селекторот Ханси Флик.

Германија го заврши настапот на Мундијалот како третопласирана во групата Е зад Јапонија и Шпанија, и покрај вчерашната победа над Костарика (4-2).

„Каква срамота! Елиминирани сме“, објави на насловната страница најтиражниот германски весник „Билд“, потсетувајќи дека Германија втор Мундијал по ред не ја минува групната фаза.

„Срамно загубивме од Јапонија, одигравме нерешено против Шпанија и потоа ја победивме Костарика“, пренесува „Билд“.

„Готово е, готово. Германија испадна од СП“, пишува „Спорт1“, додека „Кикер“ наведува дека елиминацијата ги шокирала избраниците на Флик.

„Дојче веле“ истакнува дека ова било горко СП за Германија.

„Победата на Германија над Костарика остана бесмислена“, наведува „Дојче веле“.

Според „Спортшсау“ главен виновник за елиминацијата на Германија е селекторот Флик.

„Совршена бламажа – германската репрезентација се враќа дома. Втор пат од 2014 година Германците испаднаа во групната фаза на СП“, наведува истиот извор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...