Ѕаниоло би можел да ја тужи Рома за малтретирање и психолошки притисок

Николо Ѕаниоло може да ја тужи Рома. Според „Ил Месаџеро“ фудбалерот и неговите застапници размислуваат да одат на суд во врска со суспензијата од тимот до крајот на сезоната.



Ѕаниоло сака да ја тужи Рома за „малтретирање и психолошки притисок“ што следеше по неговата одлука да поднесе барање за трансфер.

Очекувано, суспендираниот Николо редовно ќе посетува индивидуални тренинзи, иако вчерашниот тимски тренинг го пропушти без дозвола на Рома.

Да потсетиме, фудбалерот за време на јануарскиот преоден рок поднесе барање за трансфер од Рома, но клубот доби само една официјална понуда - од Борнмут. Рома му постави ултиматум на играчот од средниот ред, или да се согласи на трансфер во англискиот клуб или да се соочи со ризик да биде суспендиран до крајот на неговиот договор, кој трае до летото 2024 година. Ѕаниоло го одби трансферот, а Рома го суспендираше. Вечерта на 30 јануари тој се премисли и се согласи на трансфер во Борнмут, но тогаш премиерлигашот, кој потроши многу пари во зима, го одби договорот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...