Јужна Африка без Мундијалот во 2010?

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) може да и ја одземе на Јужна Африка организацијата на следното Светско првенство во фудбал закажано за 2010 година, поради големото доцнење во изградбата на стадионите на кои треба да се одржат натпреварите, изјави претседателот на светската фудбалска асоцијација Сеп Блатер во интервју за Би-Би-Си.

Како што пренесува МИА, според првиот човек на ФИФА, последната проверка што е направена во Јужна Африка покажува дека работите на изградбата на објектите заостануваат зад темпото неопходно за исполнување на роковите.

Ова не е првпат „куќата на светскиот фудбал“ да ја предупредува земјата-домаќин на идниот Мундијал, прв што треба да се одржи во Африка, за доцнење во подготовките, но сега за прв пат се споменува можноста наместо таму, турнирот да се одржи во некоја друга земја и во друг дел од светот.

Блатер призна дека ФИФА веќе преговара со неколку земји и дека тие се држат во „стенд бај“ за да може во секој момент да ја преземат организацијата на светскиот куп во 2010 годна.

- САД и Мексико, како и Јапонија или Англија и Шпанија, можат било кога и без проблеми да ја преземат организацијата на Мундијалот 2010 од Јужна Африка, изјави Блатер.

Тој притоа не соопшти дали редот по кој ги наброи земјите значи и редослед на кандидатите „во очекување“ на неуспех на Јужноафриканците, но посочи дека станува збор за земји кои веќе биле домаќини и ги имат сите неопходни услови за одржување на едно Светско првенство. 

Блатер објасни дека ФИФА се помалку верува дека Јужна Африка може да ги достигне пропуштените рокови за изградба на стадионите и на време да биде подготвена за Светкото првенство во фудбал, па затоа и се подготвува за евентуална промена на домаќинот на турнирот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...