Победете ја масната коса

Масната коса обично доаѓа до масната кожа. Таа е резултат на зголемената работа на лојни жлезди, а тоа пак е предизвикано од нарушениот просец на метаболизмот. Лојот инаку ја штити косата и ја прави мазна, но во случајот со масната коса, тоа не е така.

Освен консумирање на немасна храна, се препорачува користење на неутрални шампони од билно потекло како и млака вода. Врелата вода, имено ја стимулира работата на лојните жлезди!

Миењето на косата со соодветен шампон може да ви помогне при смирување на состојбата настаната како последица на стресот, заморот, загадувањето и несоодветните третмани. Шампонот со екстракт од лаванда и жалфија, на пример има антисептичко дејство, помага при регулирање на масноста на влакното, а неговиот потполно природен состав овозможува секојдневно миење на масната коса.

Масната коса можете да ја миете секој ден само под неколку услови. Не смеете да користите агресивни производи или концентрати. Изберете поблаг шампон со смирувачко дејство, никако од оние кои се наменети за деца. Таквите шампони само ќе ја направат вашата коса потешка и помасна.

Нежно миење

Производите наменети за нега на масната коса содржат природно состојки, белковини од билни екстракти (коприва, невен, чичка) и етерични масла, кои делуваат антисептички и освежувачки, а воедно го урамнотежуваат pH нивото.

На пазарот има шампиони за масна коса со глина која како сунѓер ја впива лојта, а притоа не ја оштетуваат и не ја прават тешка косата.

Освен шампоните, како алтернативно средство може да се користат и киселините (млечна, лимонска и јаболкова) бидејќи тие ја регулираат работата на лојните жлезди. Не заборавајте на вашата коса и е потребна нежност!

Шампонот нанесете го на коренот, не долж влакното.

Не го тријте темето, затоа што ќе ја поттикне работата на лојните жлезди. Околу една минута масирајте го темето со врвот на прстите. Потоа причекајте неколку секунди додека шампонот делува, а потоа измијте ја со млака вода.

Внимателно со...

- Температурата на воздухот на фенот. Малата оддалеченост меѓу косата и фенот. Топлиот воздух, ќе ја исуши и оштети косата. Сушете ја косата со ладен воздух или природно.

- Модни додатоци. Капите, шапките, шлемовите не и дозволуваат на косата да дише и го поттикнуваат производството на лој.

- Чешлање. Одберете квалитетна четка за коса, која ќе можете лесно да ја исчистите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби