сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Фудбал

ПОРТУГАЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ НАЈДЕ НОВ ТРЕНЕР
Ериксон по третпат во Бенфика

Свен Горан Ериксон по седум години ќе го заврши својот престој во Англија и од есен по третпат ќе ја преземе Бенфика. Во текот на вчерашниот ден тој се договорил со претседателот на португалскиот прволигаш, Луис Фелипе Виеира, и капитенот Руи Коста, па останува по завршувањето на Премиер-лигата официјално да биде промовиран во нов тренер на Бенфика.

Претходно раководството на овој клуб се обиде да го ангажира помошникот на Алекс Фергусон, Карлос Квеироз, но преговорите многу брзо пропаднаа. Поради тоа, Виеира се сврте кон Ериксон, кој во секој од претходните два мандати ја освојуваше шампионската титула во Португалија, а во 1990 година играше и во финалето од тогашниот Куп на европски шампиони. Помошник на Ериксон, најверојатно, ќе му биде Карлос Мозер, бразилски дефанзивец кој порано играше под негово водство во Бенфика.

Платата на Швеѓанецот ќе изнесува околу 2,2 милиони евра годишно, што е добра цифра за португалски услови иако во Манчестер Сити тој заработуваше по четири милиони. Ериксон е еден од најуспешните тренери во историјата на европскиот фудбал бидејќи има титули со сите екипи кои ги предводел освен со Манчестер Сити. Како негов наследник с$ почесто се спомнува името на Луис Фелипе Сколари, но Бразилецот с$ уште официјално не се изјаснил.


Наjновo од Спорт
Пандев го проколна Матераци
Катанец вообичаено без експерименти
Успешен старт на сениорките
Баерн се договори со Гатусо
Само Ферари за победа во Турција?
Роналдињо: Заминав во Милан
Конечно се разигра и Луис
Мечкаровски тепан во Ѓорче!!!
Работнички со Христов во ЛШ!?
Калдерон: Не го даваме Рамос
Кака: Меси е мојот соиграч од сништата
Цирих, домаќин на најголемото дерби во првиот круг
Ериксон по третпат во Бенфика
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи