сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
Спорт / Фудбал

ОВА СЕ ГРАДОВИТЕ И СТАДИОНИТЕ ДОМАЌИНИ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО АВСТРИЈА И ШВАЈЦАРИЈА 2008
Цирих, домаќин на најголемото дерби во првиот круг

Цирих е најголемиот град во Швајцарија, административен центар на кантонот Цирих. Градот е најголем трговски центар во Швајцарија, и го има најголемиот аеродром во оваа земја. Името на градот произлегува од келтскиот збор Турус, за што има и натпис на гробницата од времето на римското царство. Римјаните го нарекувале Турикум, но на локалниот дијалект, градот го добил името Цирих.

Цирих е центар и на швајцарските инвестициски фондови, на финансискиот сектор кој реализира повеќе од една четвртина од стопанската дејност во целата земја. Важи и за најголемиот банкарски центар во земјата, најмногу поради тоа што швајцарската банкарска тајна е и натаму вистински мит.

Меѓу најпопуларните фабрики и индиструски капацитети во Цирих се наоѓа фабриката за чоколадо, Линд и Спруењи, како и една од најголемите зоолошки градини во овој дел од Европа во која има над 2500 најразлични видови на животни.

Спортот во Цирих е многу широко застапен. Ако се зборува за фудбалот, во овој град постојат два фудбалски колективи кои важат за најсилните ривали и во првенството: Цирих и Грасхоперс. Вториот има многу поголема традиција, но нема резултати во последните неколку сезони. За разлика од нив Цирих дури и успеа да биде шампион на Швајцарија пред една сезона. Во градот има и фудбалска школа на италијанскиот фудбалски гигант Јувентус.

Цирих на спортски план има и три ракометни и два одбојкарски клуба. Три кошаркарски клуба, бејзбол и еден рагби тим. Годинава овој град ќе биде домаќин на три средби од групата "Ц" на европското првенство.

ЦИРИХ НИЗ ФАКТИ:

Население: 373.676 (во 2007)

Плоштина: 91,88 км2

Над. височина: 408 м.

Аеродром: Меѓународен аеродроме "Цирих"

Клубови: ФК Цирих, ФК Грасхоперс

"ЛЕТЦИГРУНД"

Стадионот во Цирих го носи името "Летцигрунд" и е еден од ретките стадиони во светот кои не се познати по некој фудбалски клуб или важен фудбалски меч одигран на него, туку сосема спротивно, по атлетските натпревари. "Летцигрунд" стана доста популарен по тоа што Цирих пред повеќе години од ИААФ ја доби организацијата на еден митинг од супер популарната "Златна лига" во атлетика. Сепак, Цирих ќе ја има честа на својот најпопуларен спортски објецт да ја има и една од најинтересните, па можеби и најдобрите средби на стартот (во првиот круг) на европското првенство меѓу селекциите на Франција и Италија.

Стариот стадион "Летцигрунд" во 2006 година беше целосно разурнат и во рекорден рок за само една година е изградено ново помодерно и поубаво фудбалско-атлетско издание кое има капацитет од 26.000 места. Стадионот е изграден во облик на школка и има на него два големи екрани на кои е вграден и "саунд систем". Во поттрибинскиот простор има и атлетска сала со 100 метарска атлетска патека.

Новиот "Летцигрунг" беше промотивно отворен во 2007 година на 30 август, а спортската премиера ја имаше во септември со митингот од "Златната лига". Првиот фудбалски меч на новиот стадион се одигра меѓу лутите градски ривали Цирих (домаќин на овој стадион) и Грасхоперс, кој го добија домашните со 4:0.

"ЛЕТЦИГРУНД" НИЗ ФАКТИ

Изграден: 2007 г.

Отворање: август 2007 г.

Капацитет: 30.000

Вложени средства: 70 мил. евра

Адреса: Хердернштрасе 47

Клубови: ФК Цирих

Натпревари на ЕП:

-9 јуни: Романија - Франција

-13 јуни : Италија - Романија

-17 јуни : Франција - Италија


Наjновo од Спорт
Пандев го проколна Матераци
Катанец вообичаено без експерименти
Успешен старт на сениорките
Баерн се договори со Гатусо
Само Ферари за победа во Турција?
Роналдињо: Заминав во Милан
Конечно се разигра и Луис
Мечкаровски тепан во Ѓорче!!!
Работнички со Христов во ЛШ!?
Калдерон: Не го даваме Рамос
Кака: Меси е мојот соиграч од сништата
Цирих, домаќин на најголемото дерби во првиот круг
Ериксон по третпат во Бенфика
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Лига на шампиони ’07
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи